А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Собранието го одобри финасискиот план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги за 2020 година

by А1он24/01/2020 - 10:08202
Share0

Собранието на Република Северна Македонија на 123 пленарна седница го разгледа и го усвои Финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија за 2020 година.

Следете a1on на Instagram Instagram

Вкупниот буџет за годинава изнесува околу 86 милиони денари и со одобрување на истиот регулаторното тело ќе може во полн капацитет со зголемените надлежности да ги извршува надлежностите истакна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски во текот на собраниската процедура низ која помина одобрувањето на Финасиксиот план.

„Со доделување на обврската Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги да ги регулира и цените на водните услуги се зголеми нејзиниот обем на работа, а во наредниот период се предвидува Комисијата да ги регулира и цените за комунален отпад“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

„Во текот на 2019 година Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе над 30 подзаконски акти со кои се имплементирани обврските кои што произлегуват од Третиот енергетски пакет за што од страна на Енергетската заедница е добиено признание како најдобро регулаторно тело од земјите членки на Енергетската Заедница во имплементацијата на Третиот енергетски пакет.

Следете a1on на Youtube YouTube

Со подзаконските акти се овозможи намалување на цената на електричната енергија за домаќинствата за 5% поради воведување на евтината тарифа.

Цената на електричната енергија добиена од АД ЕЛЕМ во 2019 година е намалена за 19% во споредба со 2018 година. Цената за пренос на електрична енергија на АД МЕПСО во последните две години е намалена за 32%. По одобрувањето на новите мрежни правила за дистрибуција на електрична енергија, трошоците за приклучување на системот за дистрибуција на електрична енергија е намален од 500 евра на 370 евра.

Трошоците за повторно приклучување на потрошувачите кои се исклучени е намален од 1.740 денари на 440 денари. Трошоците за одвојување на мерно место е намален од 500 евра на 200 евра. Либерализацијата на пазарот на електрична енергија не предизвика шокови кај цената на електричната енергија за домаќинствата, а трошоците на комерцијалните потрошувачи се намалени за околу 30%“, соопштуваат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.

rkesobranie

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он18/05/2026 - 16:06

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски18/05/2026 - 13:0518/05/2026 - 13:11

РКЕ воведува построги стандарди за дигитална безбедност

Горан Наумовски15/05/2026 - 11:53

РКЕ: Зголемена е потрошувачката на бензините во споредба со 2024 година

Горан Наумовски13/05/2026 - 10:5113/05/2026 - 11:02

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Горан Наумовски07/05/2026 - 15:20

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он29/04/2026 - 18:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто