Собранието го изгласа продолженото породилно на 15 месеци за повеќе деца

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ги донесе измените на Законот за работни односи со кои се продолжува породилното отсуство за мајките кои ќе родат две, три или повеќе деца одеднаш.

Измените беа донесени со 63 гласови и ниту еден против и воздржан, а предвидуваат наместо 12 месеци породилното отсуство дат трае 15 месеци за мајките кои ќе родат две, три или повеќе деца одеднаш.

Поддршка од пратениците, без ниту еден против и воздржан, добија и измените и дополнувањата на Законот за архивски материјал кој овозможува значително поедноставување на канцелариското работење и растоварување од обврските на приватниот сектор.

Според измените, правните лица се поделени во две групи – првата, со максимум 49 вработени има единствена обврска да го архивира материјалот од трајна вредност за државата, науката и културата, и втората со 50 и повеќе вработени која има обврска да води единствено основна евиденција.

Правните лица со најмногу 49 вработени се должни да донесат план на архивски знаци со листа на архивски и документарен материјал. Во случај на престанок на работа, правниот субјект е должен да го предаде архивскиот материјал на својот следбеник или доколку нема, на Државниот архив.

Собранието на денешното продолжение на седницата ги донесе и измените на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост и измените и дополувањата на Законот за спорт.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители