Собранието го донесе законот за ратификација на Договорот од Париз

Од:

Собранието на Република Македонија во попладневното продолжение на 12-тата седница денеска ги усвои предлог законите за ратификација на Договорот од Париз и Спогодбата за соработка помеѓу Владата на Македонија и Советот на министрите на Босна и Херцеговина во процесот на пристапување во Европската Унија.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, по гласањето ја прекина седницата и најави дека Собранието ќе продолжи со работа утре во 11.00 часот.

Џафери, претходно јавно им се заблагодари на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА за овозможувањето на работата и донесувањето на одлуките.

Двата предлог закони ги образложи министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Во образложението на предлогот за ратификација на Договорт од Париз, Димитров рече дека се работи за прв универзален и правно обврзувачки договор посветен на глобалните напори за намалување на климатските промени.

– Договорот од Париз е усвоен на 21. седница на страните на рамковната конвенција на ОН за климатски промени. Беше отворен за потпишување на 22 април 2016 година, кога Република Македонија го потпиша. Заклучно со јули годинава 151 држава од вкупно 197 го имаат ратификувано, рече Димитров.

Димитров, во образложението на договорот со БиХ рече дека тој се темели во основа на стратешкиот интерес на двете пријателски држави за членство во ЕУ.

– Сподгодбата се потпиша на 20 април годинава. Во основа договараме сорабоитка во сферите на политички дијалог, економска и трговска соработка, движење на труд и капитал, формирање и давање на услуги, усогласување на законодавството со правото на ЕУ, соработка во правосудството и внатрешните работи, како и соработка во други полиња, изјави Димитров.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање