Собранието го чека предлогот од Владата за уставни измени, но и распуштањето е на маса

Од:

Во Собранието се уште не е јасно за кога би можело да биде закажана комисиска расправа за Предлогот за пристапување кон уставни измени што денеска е на вонредна седница на Владата.

Информациите од Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери кој воедно е и претседател на Комисијата за уставни прашања се дека седницата на Комисијата и пленарната седица за пристапување кон уставни измени ќе бидат закажани веднаш штом предлогот пристигне во архивата на Парламентот, а се очекува тоа најрано да биде утре изутрина.

Она што се знае врз основа на Деловникот за работа на Собранието е дека Комисијата за уставни прашања има рок од 10 дена да расправа за предлогот за пристапување кон уставни измени и дека расправата на пратениците за време на претресот на Комисијата е ограничена.

Иако Владата попладнево ќе расправа за предлог за пристапување кон уставни измени, пратеници и од владејачкото мнозинство и од опозицијата во Собранието тврдат дека се уште нема мнозинство гласови за носење на уставните измени со што би се избегнале нови предвремени праламентарни избори.

Паралелно во Собранието ќе се одвиваат и комисиските седници во контекст на подготовка на пленарната седница закажана за 15 октомври. Овој датум се посочува како можен за распуштање на Парламентот доколку се покаже дека навистина нема мнозинство за уставни измени. Сепак, ако Владата сака, како што веќе предложи премиерот Зоран Заев, предвремените избори да се одржат на 25 ноември, Парламентот треба да се самораспушти в среда, 10 октомври. Секое одлагање на распуштањето на Парламентот со надеж дека ќе успеат разговорите меѓу пратениците за постигнување на мнозинство за уставни измени, како што велат во Собранието, значи и одлагање на датумот за предвремени избори за 2 или 9 декември.

Би можело да ве интересира

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски