Собранието ги изгласа измените во владиниот кабинет

Од:

Собранието на Република Македонија денеска го прифати предлогот на Владата за именување нови министри за образование и за труд и социјална политика, како и за назначување нов министер без ресор.

Со Министерството за образование и наука отсега ќе раководи досегашниот министер за труд и социјална политика Спиро Ристовски, а на негово место во Министерството за труд и социјална политика доаѓа Диме Спасов, кој досега ја извршуваше директорката функција во скопскиот Катастар.

За нов министер без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции е назначен Џери Наумоф.

Пратениците го изгласаа и предлогот за именување на Ѓорѓија Сајковски за заменик-министер за локална самоуправа.

Премиерот Никола Груевски во образоложението истакна дека се работи за лица со стручно образование и искуство кои се надева дека успешно ќе ги извршуваат новите функции.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on