Едногласно изгласани Спасовски и Ременски, СДСМ гласаше против Марта Арсовска-Томовска

Од:

Пратениците во Собранието едногласно го изгласааа изборот на Оливер Спасовски и Фросина Ременски за министри во Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика. 101 пратеник гласаа „за“, а ниту еден против.

Третиот министер кој денеска беше избран во парламентот, ги доби само гласовите на владејачката коалиција, а пратениците од опозицијата гласаа против одлуката досегашниот заменик-министер Марта Арсовска-Томовска, да ја преземе испразнетата фотелја во Министерството за информатичко општество и администрација.

Гласањето на опозицијато по изборот на Арсовска-Томовска наиде на неодобрување во редовите на пратениците од власта. Новата министерка беше сепак изгласана со 71 глас „за“ и триесет и еден глас „против.“

Новоизбраните министри дадоа свечена изјава пред парламентот дека одговорно ќе ја вршат функцијата и дека ќего почитуваат Уставот на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции