Собранието ги донесе измените на Законот за минерални суровини

Од:

Собранието на Република Македонија во рамки на денешното продолжение на 32-та седница со 53 гласа „за“ три „воздржани“ и еден „против“ ги донесе измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини, по скратена постапка, предложени од група пратеници од владејачкото мнозинство. Со измените се предвидува да не може да се додели концесија за експлоатација на минерални суровини за постапки со лужење или флотација на металични минерални суровини со цијаниди или со сулфурна киселина во рудници со отворен коп.

Исклучок се концесиите за експлоатација на металични минерални суровини на веќе постојните рудници.

Измената и дополната на Законот за минерални суровини се предлага заради долгорочна заштита на животната средина и здравјето на населението кое живее во близина на наоѓалишта на минерални суровини и рудници и за да се спречи примена на технологии што користат опасни супстанци.

Спроведувањето на овој закон нема да предизвика финансиски последици врз Буџетот на Република Македонија и другите јавни финансиски средства.

Собранието не го усвои Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2016 година. За точката на дневен ред гласаше само еден пратеник, еден беше воздржан, а 57 беа против.

Со 55 гласа „за“ и по двајца „воздржани“ и „против„ Собранието го усвои Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детското престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво во 2016 година.

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада