Собранието еден месец не постапува по предлогот на претседателот Иванов за член на Судскиот совет

Од:

Собранието на Република Македонија повеќе од еден месец не постапува по предлогот на претседателот Ѓорге Иванов за нов член на Судскиот совет, велат за МИА од кабинетот на претседателот.

Оттаму потврдуваат дека согласно законските прописи и рокови уште во декември минатата година го доставиле предлогот на Иванов до Собранието. Оттаму не го откриваат името на предлогот, но велат дека се работи за професионалец, предлог кој е со долгогодишно искуство во таа област.

Согласно Уставот, претседателот предлага двајца членови на Судскиот совет на Република Македонија, од кои еден е припадник на заедниците кои не се мнозинство во државата. Членовите на Судскиот совет имаат мандат од шест години, со право на уште еден избор.

Предлогот на претседателот Иванов треба да го заземе местото на Беким Реџепи, чиј мандат како член на Судскиот совет истече на крајот на декември 2018 година.

Би можело да ве интересира

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи