Собранието донесе шест закони по скратена постапка

Од:

Укинување на царинскaта стапка од 7 проценти при тргувањето со инвестициското злато е една од измените на Законот за Царинска тарифа што денеска ја прифати Собранието на Република Македонија.

Како што обрaзложи заменик-министерот за финансии Ардијан Џеладини, оваа измена се воведува со цел да се зголеми конкуреноста на домашната индустрија. Измената предвидува при увоз на инвестициско злато и други полупроизводи од легури на злато со различна чистота и различна намена царинската стпка да биде 0. Со измените се врши и усогласување со европската регулатива.

Предложените измени ги поздрави Љуљиета Марку од ДУИ која рече дека со нив покрај тоа што се либерализира трговијата со злато, се предвидува и единствена царинска стапка за стока која е во личниот багаж на патник кој влегува во Македонија.

Собранието денеска го донесе и Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем, наменет за дополнително финансирање на проектот „Ветерен парк Богданци“, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КФВ и АД ЕЛЕМ.

Проектот е во вредност од 55.500.000 евра, од кои заем од СР Германија е во износ од 47.900.000 евра и 7.600.000 евра учество на ЕЛЕМ. Предвидува изградбата на ветерните електрани да постигнат годишно производство од 100 GWh природно одржлива енергија, а со тоа и згоемена инстралирана можност на ЕЛЕМ за околу 30 до 40 MW. Со овој проект ќе се зголеми учеството на обновливите извори во производството на ЕЛЕМ.

Поддршка доби и Предлог законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Преземен и изменет договор за заем за Проектот за подобрување на постојаната регионална и локална мрежа, кој ќе се случи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта. Целта е намалување на трошоците за пристап на општините до разни пазари, а произлегува од потребата да нема застој во релизацијата на овој проект.
По скратена постапка беше донесен и Законот за тутун и тутунски производи во кој се предлага бриѓење на одредбата со која се утврдува надомест за тутунски производи што го плаќаат компаниите кои произведуваат или увезуваат тутунски производи, бидејќи тој ќе биде обединет во заедничка, односно комбинирана акциза со Законот за акцизи.

Во рамки на 65. седница, пратениците ги донесоа и измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини кои предвидуваат проширување на концесиите за експлоатација и зголемување на инфраструктурните капаците кои се во функција на рационалната експлоатација. Проширувањето е во функција за обезбедување подолг век на експлоатација на минералните суровини во рудници. Направена е по иницијативи од концесионерите на металични минерални суровини, бидејќи овој вид проширување има најголема примена кај рудниците каде што се врши експлоатација на металични минерални суровини.

Со измените се врши и усогласување на лиценците од рударската област со лиценците од геолошката област.

На денешното продолжение на 65. седница по скратена постапка се донесе и Законот за животна средина.

Би можело да ве интересира

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски