Собранието донесе повеќе закони во рамките на 58. седница

Од:

Собранието на Република Македонија во рамките на 58. седница го верификува мандатот на пратеничката Јулиета Марку, ја поддржа Одлуката Ермира Мехмети да биде нов шеф на Собраниската делегација во  Парламентарното собрание на НАТО, ги избра Дилавел Бектеши за член на Советот на јавни обвинители на Република Македонија и Ѓорѓи Сламков за член на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Сузана Салиу од ДУИ истакна дека Сламков ги исполнува условите да биде достоен член на ДКСК, но додаде дека тој треба да биде свесен дека пристапува во самостојна и независна институција која треба да води борба против корупцијата и да ја спречи.

– Корупцијата не се решава само со создавање иснституции, туку со константна борба. Сламков треба да даде нов елан зошто ДКСК не треба да молчи, туку треба да биде потранспарентна и подостапна до јавноста и да информира што работи. Јавноста мисли дека ДКСК молчи и не ја спроведува во целост дејноста што и е дадена заради притисоци. Ако има некои притисоци ДКСК треба да ги пријави до Собранието, рече Салиу.

Собранието денеска едногласно ги донесе законите за ратификација на Конвенцијата за трудова администрација 1978, на Конвенцијата за колективно договарање 1981, на Конвенцијата за работни односи во јавните служби 1978, и на Договорот меѓу македонската Влада и Владата на Сојузна Република Германија за гробовите на воените жртви.

Без расправа ги донесе и законите за изменување на Законот за санација и реконструирање на дел од банките во Република Македонија, за за дополнување на Законот за денационализација, за за регулирање на дел од долгот кон Обединетата банка на Швајцарија, за за изменување и дополнување на Кривичниот законик, за за катастар на недвижности, за изменување и дополнување на Законот за пожарникарството, за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање, за изменување и дополнување на Законот за домување.

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада