Собранието должник, гостите со рент-а-кар

Од:

Наместо со службени возила, официјалните гости на Собранието на Република Македонија, ги возат со рент-а-кар.

Како што пишува ВЕСТ, таков бил и случајот со Претседателот на унгарскиот парламент, Ласло Ковер, кој  се возел со изнајмен „ Пежо 5“,  откако владината служба за општи и заеднички работи не му дала на Собранието возило за пречек на високата делегација, пишува весникот.

Од Собранието навреме побарале возило но им било препорачано, сами да се снајдат, затоа што возила нема.

Директорот на владината служба, Васе Доневски  за ВЕСТ  вели  дека приоритет имаат Владата и министерствата,  а Собранието  три години не го плаќа долгот кон Службата за општи и заеднички работи на Владата и е последно на листата за користење службени возила за пречек на странски делегаци .  Парламентот бил голем должник  и за услугите во собраниското бифе.

Според Доневски, народните избраници не си ги подмириле сметките за цели 3 години.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции