Собранието без расправа донесе повеќе закони

Од:

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 64. седница без расправа ги донесе измените и дополнувањата на Законот за личната карта, дополнувањето на Законот за личното име, измените и дополнувањата на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија и на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, сите по скратена постапка.

Парламентот продолжи со работа по 63. седница и без расправа ги донесе измените и дополнувањата на Царинскиот закон, на Законот за даноците на имот, на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, на Законот за хартии од вредност, на Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки, на Законот за даночна постапка, на Законот за комуналните такси, по скратена постапка.

Без расправа беа усвоени и измените на Законот за акцизите и на Законот за регистрирање на готовински плаќања, измените и дополнувањата  на Законот за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост, на Законот за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА), на Законот за сметководството за непрофитните организации, на Законот за вршење на сметководствени работи, на Законот за државната ревизија, по скратена постапка.

На денешната седница, без расправа беа донесени голем дел од сетот закони поднесени од Владата по скратена постапка од областа на економијата, финансиите, правдата, земјоделството, културата…

Би можело да ве интересира

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов