ВМРО ДПМНЕ и ДУИ изгласаа поништување на аболицијата по желба

Од:

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за кратко време ги изгласаа измените и дополнувањата на предлог законот за помилување, поднесен од пратениците Илија Димовски и Талат Џафери.

Лицето за кое е донесена одлука за помилување има право да поднесе до Претседателот на Републиката барање за поништување на одлуката за негово помилување, а како што е наведено во Предлогот за дополнување, претседателот е должен во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето да ја поништи донесената одлука.

Опозицијата ја бојкотираше седницата зошто како што кажаа повлекувањето на аболицијата мора да биде целосна и да важи за сите, а не да биде само за тие кои што ќе побараат од претседателот да ја повлече.

Ваквиот став е на линија со меѓународната заедница од каде и денеска порача-поништувањето на аболицијата мора да биде целосно и да без исклучок за сите 56 помилувани функционери.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање