Собрание: ВМРО-ДПМНЕ манипулира, сите амандмани се архивирани од службите

Од:

Собранието на Република Македонија најостро ги демантира наводите за фрлени амандмани, од причина што сите поднесени амандмани за Законот за употреба на јазиците се уредно примени во собраниската архива, велат од одделението за односи со јавноста.

„Поголем дел од поднесените амндмани се архивирани, обработени и ставени на е-парламент. Со оглед на големиот број на поднесени амандмани Службата на Собранието уредно постапува во рамките на своите задолженија и во текот на денешниот ден, сè до целосно завршување на процесот. По спроведена интерна проверка утврдено е дека сите оригинали од амандманите уредно се архивирани и се наоѓаат во собраниската архива. Амандманите прикажани во јавноста се копии од амндмани кои се уредно внесени во процедура и се веќе објавени на е-парламент, со што се достапни на сите 120 пратеници и на јавноста“, велат од собраниските служби.

Од законодавниот дом додаваат дека според утврдената фактичка состојба, наводите изнесени на денешната и синоќешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ се обид за груба манипулација со јавноста и дискредитација на Службата на Собранието и апелираат политичките субјекти да се воздржат од шпекулации и да не ја дезинформираат јавноста, затоа што тоа, според нив, штети на угледот на Собранието и на тековните реформски процеси.

Би можело да ве интересира

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он