Собрание на РМ: Амандманите што ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јазиците се преведени и архивирани

Од:

Амандманите што ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јазиците се преведени и архивирани, соопшти Собранието.

„Сите амандмани се архивирани, обработени и ставени на е-парламент. Службата на Собранието уредно постапуваше и постапува во рамките на своите надлежности и задолженија, сè до целосното завршување на процесот. Сите амандмани се преведени од страна на службата во Секторот за преведување на Собранието на Република Македонија“, соопшти Собранието.

Од таму додаваат дека со оглед на големиот број амандмани, истите потребно е да се разгледаат и да се постапи по нив согласно со одредбите на Деловникот за работа на Собранието, по што Законот за јазици ќе биде разгледан.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 35.000 амандмани. За нив Собранието требаше да почна расправа минатата недела, но точката беше тргната од дневен ред затоа што амандманите не беа преведени. Законот за јазици во трето читање треба да се врати на дневен ред откако Ѓорге Иванов одби да го потише и со низа забелешки го врати до пратениците.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги