Собрани над 4 тони опасен отпад во општина Аеродром

Од:

Околу 4 тони опасен отпад е собран во еко-акцијата што летово ја организираа општина Аеродром и Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“. Граѓаните имаа можат бесплатно да се ослободат од електронскиот и електричниот отпад од домаќинствата.

Граѓаните, како што соопшти општина Аеродром, ги пријавуваа старите електрични и електронски апарати од домаќинствата, од кои сакаат да се ослободат на телефонскиот број во најблиската урбана заедница или во „Нула отпад“ на 02/3256-309.

Под електронски отпад се подразбира статични и лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, домашни телефони и мобилни телефони, МП3 плеери, монитори, телевизори, дигитални камери и видео-камери, принтери, скенери, факс-машини и стерео системи. Под електричен отпад се подразбира шпорети, машини за перење облека и садови, греалки и грејни тела, микробранова печка, машина за правење леб, апарат за кафе, други апарати од домаќинство, како и клима-уреди.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош