Собрани милион денари во акцијата на ОМД за помош на поплавените

Од:

Вкупно 17.000 американски долари или речиси милион денари собра Обединетата македонска дијаспора (ОМД) за два дена преку социјалните мрежи, во кампањата за донирање средства во рамки на акцијата на Црвениот крст.

За настраданите во катастрофалните поплави кои минатиот викенд ја зафатија Македонија, донираа 243 поединци од повеќе држави-Австрија, Австралија, Белгија, Босна и Херцеговина, Канада, Германија, Унгарија, Израел, Македонија, Црна Гора, Холандија, Србија, Шведска, Швајцарија, Обединетото кралство и Соединетите американски држави.

Собраните средства, како што информира ОМД, денеска се испратени директно до Црвениот крст за да можат веднаш да ги дистрибуираат средствата до погодените од поплавите. Сто проценти од собраните донации се испратени, а ОМД ја презема одговорноста за сите трошоци околу испратката. 

ОМД продолжува со својата кампања преку социјалните мрежи за собирање средства, како и со две манифестации. Едната ќе биде викендов, во соработка со Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон и следниот викенд во Гарфилд, Њу Џерси. Средствата од овие активности ќе бидат исто така испратени до Црвениот крст. 

Членовите и волонтерите на ОМД, кои се во посета на Македонија ова лето, ќе ги посетат погодените подрачја, ќе волонтираат во Црвениот крст, ќе помагаат со дистрибуција на храна, вода и разни материјали до фамилиите и ќе учествуваат во акциите на прочистување на погодените подрачја.

Граѓаните можат да донираат средства на фондовите за помош за поплавите, на линкот.
Сите лица кои скаат да се приклучат во волонтерските акции во Скопје со Црвениот Крст, можат да го контактираат претседавачот на младинската програма на ОМД Генерација М, Филип Јотевски на [email protected].

Би можело да ве интересира

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава