Собраќајот отежнат, се санираат дефектите во енергетската мрежа

Од:

Снежните врнежи проследени со силен ветер што од вчера ја зафатија Македонија предизвикаа прекин на сообраќајот на дел од патиштата, забрани за движење на камиони, како и дефекти во енергетската мрежа кои оставија без струја повеќе села. Екипи на „Македонија пат“ и на енергетските компании работат на оспособување на патиштата и на енергетската мрежа. Дел од патните правци, пак, се проодни само со зимска опрема.

Воздушниот сообраќај на скопскиот аеродром се одвива нормално и според концесионерот ТАВ Македонија, се преземаат активности за безбедно полетување и слетување на пистата.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива отежнато, во зимски услови и со остатоци од кашест снег по коловозите. Слаб снег провејува само на превојот Стража, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Во прекин за тешки товарни возила е сообраќајот на патниот правец Охрид-Кичево кај Пресека додека за патничките постепено се оспособува патниот правец. Во моментов се одвива по една коловозна лента, а во наредните неколку часа се очекува комплетно негово оспособување.

Забрана за движење на камиони има на патнитe правци: Гостивар-крак Маврово-Дебар, Тетово-Попова Шапка, Тетово-граничен премин Јажинце, Дебар-Струга, Буково и Ѓавато. Затворени за сообраќај се патните правци Кочани – Пониква, Велес – Нежилово, и Велес – Ореше.

Непристапни се селата Герман (Крива Паланка) и Дренак (Куманово), а во околина на Македонски Брод непроодни се патиштата до 47 села. На подрачје на Тетово има забрана за сообраќај на тешки товарни возила на сите патни правци. Во околина на Скопје, непроодно е до Танушевци, Брест, Малина Маала, Горно и Долно Блаце, Љуботен, Побожје и  Мојанци.

По ставањето под напон на сите елементи од преносната електро мрежа во охридско-ресенскиот регион  изутрината во 10 часот   од МЕПСО најавија дека од 14:15 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат трансформаторските станици Охрид 1 и Охрид 2.  Како што соопшти компанијата, исклучувањето се врши со цел да се изврши планиран зафат на елементи од преносната мрежа со цел да се овозможи доверлива и стабилна работа на електропреносниот систем. Планирано е интервенцијата да трае најдолго два часа по што Охрид повторно ќе биде вклучен под напон.

Според ЕВН Македонија, во повеќе региони во земјава има прекини во снабдувањето со електрична енергија поради дефекти на 110 киловолтни и 35, 20 и 10 киловолтни далекуводи. Како што соопштува компанијата, има прекини во општините Струга, Дебар, Центар Жупа Маврово- Ростуша на 110 кв врска, во општина Дебарца, 110кв, во Кумановско –  Вишница, Никуштак на 20 кв врска, во Скопско – Тисовица, Гумалево, Добрино, Страхојадица на 10 киловолтна и во Кондово, Сарај, Матка на 35 кв врска, во Кичевско во Староец, Карабуница, Вранештица, Цер и Прострање 10кв, во Ресенско во населените места околу Преспанско Езеро, Отешево, Стење, Љубојно, Брајчино, Јанкоец, Крушје, Златари на 10 кв врска, во Прилепско – Тополчани, Канатларци, Ивањевци на 35 кв, Велешко – Дреново, Лисиче, Горно Врановци на 10 кв  и во Битолско нема во Молика, детско  Трново, Магарево на 10кв врска.

Од ЕВН наведуваат дека поради големото невреме проследено со обилни врнежи од снег и ветер, дистрибутивната мрeжа на ЕВН Македонија во регионот на Дебар, Струга и Охрид  претрпе големи штети. Најчестите дефекти се на 35 и 10 киловолтни далекуводи, кај кои заради големите наноси на снег, столбовите се паднати или искривени. Истакнуваат дека и покрај тешко пристапните терени, екипите вложуваат големи напори и постојано работат на отстранување на дефектите.

Се уште има прекин на 110 кВ врска на АД МЕПСО од Вруток кон Шпиље, тоа е втората врска за Охрид и Струга.

Екипите на ЕВН работат на отстранување на дефектите на улиците во Охрид каде што има искинати кабли и урнати столбови. Голем проблем за екипите на ЕВН, како што стои во соопштението, е непроодноста на патот од Струга до Дебар, па затоа дополнителни екипи не се во можост да стигнат на отстранување на дефектите во дистрибутивната мрежа.

Од ЕВН информираат дека екипите се на терен и очекуват прекините да бидат санирани во најбрз можен рок. Истакнуваат дека голема пречка претставуваат непроодните патишта и апелираат до надлежните да е направат напори за оспособување на патиштата за да се намали времето на отстранување на дефектите.

Снегот што од вчера ја зафати Македонија формираше снежна покривка од 69 сантиметри во Маврово, во Пожаране 51, Крушево 45, Тетово 36, Охрид 29, Тополчани 27, Ѓуриште 18, Прилеп 17, Скопје и Претор 16, Крива Паланка и Куманово 10 и во Битола од седум сантиметри.

Според информациите од Управата за хридрометеоролошки работи, врнежите од снег во текот на денов постепено ќе престануваат. Студената воздушна маса која се спушта од север ќе услови променливо облачно и студено време. Ќе има појава на голомразица и ќе дува умерен на повеќе места засилен северен ветер. Од утре се очекуваат ниски температури и до – 16 степени.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска