Според информациите добиени од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на сите државни патишта, се одвива без забрани, по претежно суви коловози.
На патниот правец Катланово – Велес после наплатната станица Сопот, поради можен одрон, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 200 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
На патниот правец Страцин – Крива Паланка, на излез од Страцин во правец на Крива Паланка, поради свлечиште зафатена е третата лента од коловозот во должина од 150 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
На патниот правец Виница-Пехчево на 12-от километар поради попуштање на патот во должина од 10 метри, санирано е оштетувањето и поради внимателност сообраќајот се одвива по една коловозна лента, а за утре е најавено нормализирање на собраќајот.
Прекин на сообраќајот има на патниот правец Кочани – Македонска Каменица иако одронот е исчистен, но превентивно сообраќајот е се уште затворен и се пренасочува преку Виница – Пехчево – Делчево.
Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Тработивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на реката Брегалница. Алтернативен пат за Тработивиште е стариот пат Делчево – Тработивиште.
Во општина Пробиштип, локалниот правец Злетово – брана Кнежево кој беше во прекин заради свлечиште, е оспособен за сообраќај по една лента во должина од околу 150 метри.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
На патниот правец Лакавица-Неготино на 7 километри над село Лескоица има пропаѓање на патот од 200 метри на кој е извршена санација, поставенае содветна сигнализација,за внимателно управување со возилата.
На патниот правец Виницa-Пехчево на 12-тиот километар сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 10 метри поради попуштање на патот. Оштетувањето е санирано и најавено е нормализирање на сообраќајот во текот на денот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.