Собирање ПЕТ амбалажа во Кичево

Од:

Почна организираното собирање и транспорт на собраната ПЕТ амабалажа во Кичево, во рамки на проектот „Иновативни локални алатки и пилот тестирање за селектирање, собирање и рециклирање на ПЕТ пластичен отпад од домаќинствата во Кичево“.

На 15-ти месецов во основните училишта „Санде Штерјоски“, „Д-р Владимир Полежиноски“ и „Кузман Јосифоски-Питу“ од Кичево почна собирање на пластичните шишиња кои од учениците беа оставани во посебни џамбо вреќи поставени во просториите на училиштата, како дел од активностите на проектот.

– Само една седмица по нивното поставување, дел од вреќите веќе беа полни и се отпочна со нивно подигнување и транспорт до собирен пункт од страна на откупната фирма „Евроконтакти“ од Прилеп. За една седмица во овие три училишта беа собрани 360 килограми ПЕТ амабалажа, рече Елизабета Ристеска, координатор на проектот.

Таа истакна дека при собирањето на пластичните шишиња секоја од вреќите била измерена и запишана нејзината тежина од проектниот тим и претставници на училиштата, со цел да се води евиденција за количината на собрана и предадена пластика, бидејќи на крајот на оваа година, како и наредната во март, ќе бидат прогласени и најактивните училишта чиишто ученици селектирале и собрале најмногу ПЕТ пластична амбалажа.

Проектот е имплементиран од Центарот за развој на заедницата Кичево во соработка со трите основни и двете средни училишта на територијата на град Кичево, како и фирмата транспортер Евроконтакти од Прилеп, а финансиран од Глобалниот еколошки фонд програма за мали грантови на Македонија.

Би можело да ве интересира

Криминал во Кичево: Директор на Јавното комунално претпријатие наредил отпадот да се складира на дива депонија

Горан Наумовски

Кривична за градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари

Син го уби таткото со секира

А1он

Насилник со нож нападнал ученици, полицајци и обезбедување во болница

14-годишен малолетник од Кичево осомничен за силување на четиригодишно девојче

Полицијата уапси лихвар од Кичево, кај него се најдени пари и накит