Со заладувањето се појавија и првите пожари на оџаци во кавадаречко

Од:

Со заладувањето на времето се појавија  и  првите пожари на оџаци во кавадаречко, информираше денеска Илчо Богевски, командир на територијалната противпожарна единица од Кавадарци.

Во пресрет на  најавените ниски температури и почетокот на грејната сезона, тој соопшти дека граѓаните кои користат дрва за огрев, треба да бидат внимателни за да не предизвикаат пожари.

– На почетокот на грејната сезона станарите во колективните станбени згради да ги надминат евентуалните недоразбирања и да ги проверат и исчистат заедничките оџаци. Граѓаните во индивидуалните станбени објекти пак, исто така да го сторат тоа, а особено тие кои живеат во постари куќи со таканаречен каратаван. Се мисли на објекти кои наместо бетонски плочи, имаат дрвени греди и трска. Таму неопходно е да се провери дали оџакот е правилно изведен и дали можеби поголем дел од гредата завлегува во него, рече Богевски.

Тој нагласи исто така дека на стартот на грејната сезона, потребно е дел од граѓаните исто така да си ја проверат и застарената електрична инсталација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени