Со закани бараше пари од поранешниот партнер на ќерката, уапсен е жител на Идризово

Од:

Жител на скопското село Идризово, обвинет дека со закани барал пари од поранешен партнер на неговата ќерка, бил лишен од слобода.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделението за насилен криминал при СВР – Скопје уапсија маж на возраст од 57 години.

– Според пријавеното, тој претходно се заканувал на 26-годишен маж од скопско, поранешен партнер на неговата ќерка, барајќи да му врати сума пари што, наводно, ги давал за кирија, за поправки на автомобил и за други трошоци, додека сите тројца живееле заедно во изнајмен стан во населбата Карпош, појаснија од МВР.

По пријавување на настанот и по известување на надлежен јавен обвинител, земен бил записик за примање на пријава за кривично дело „изнуда“ по член 258 од Кривичниот законик и вчера во угостителски објект во Скопје, таткото бил лишен од слобода, откако, претходно, како што појаснија од МВР, примил крим-технички обработени 200 евра од пријавителот.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова ја посети шивалната во КПД Идризово: Секој заслужува втора животна шанса

Тројца затвореници од „Идризово“ претепаa 61-годишен осуденик

Горан Наумовски

Рекетар му се закануваше на градоначалникот на Неготино и на неговото семејство, насилникот бараше 3.000 евра

Горан Наумовски

Починал затвореник на комплексот клиники „Мајка Тереза“

Продолжува кризната состојба за К.П.Д. „Идризово“

Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена