Со возило излетеле од пат па побегнале, тројца малолетници подоцна побарале лекарска помош

Од:

На 14.01.2022 во 23.00 часот било пријавено дека на патот Пробиштип-с.Ратавица, на место викано „Коритница“, патничко возило „нисан кашкаи“, со кочански регистарски ознаки, управувано од А.А.(21) од с.Ратавица, кочанско, излетало надвор од коловозот, по што го напуштило местото на несреќата.

На 15.01.2022 во 03.30 часот во Здравствениот дом „Нада Михајлова“ на лекарски преглед се јавиле двајца малолетни сопатници од возилото, при што им биле констатирани телесни повреди, а околу 19.45 часот дошол уште еден малолетен сопатник од возилото, на кој му била констатирана тешка телесна повреда. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар