Со вереницата се изгубиле на Водно

Од:

Вистинска драма се одвивала синоќа на Водно. Во 19 часот на телефонскиот број 199 се јавило лице од Скопје кое кажало дека додека со неговата вереница шетале на падините на Водно во еден момент забележале дека ја виделе браната Матка, а потоа се изгубиле.

Веднаш на терен бил испратен алпинистичкиот тим на Единицата за специјални задачи кои извршиле пребарување на теренот од потегот Милениумски крст-Водно кон локалитетот Матка. Откако од страна припадниците на Единицата “Тигри” било стапено во телефонски контакт со лицето, истиот ја опишал и неговата околина по што со давање на светлосен сигнал бил воспоставен и визуелен контакт.

Напорите за пронаоѓање на лицата беа успешни при што истите беа лоцирани околу 01 часот и 15 минути во добра општа состојба во близина на манастирот Св. Никола Шишевски. Откако беа пронајдени лицата истите безбедно беа спуштени до пешачката патека до мостот на кајакарскиот дом “Матка” од каде со возило беа префрлени до нивните домови.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он