Со велосипед во откривање на знаменитостите на Скопје: Римскиот водовод

Од:

Денеска од 17 часот ќе се одржи бесплатна велосипедска прошетка до Римскиот водовод во Скопје. Прошетката е организирана во рамките на Европската недела на мобилност и цели да ја подигне свеста на граѓаните на Скопје за можноста да го користат својот велосипед како средство за разонода.

Прошетката ќе започне од пунктот за изнајмување на велосипеди, лоциран пред Воената болница во Скопје. На тој начин тие кои сакаат да дојдат, а немаат велосипед, ќе може да изнајмат еден од градскиот систем за изнајмување на велосипеди. Учесниците треба да си понесат нешто за пиење и јадење, бидејќи таму ќе може да се направи краток пикник, додека им се објаснува за значењето и историјата на водоводот.

Крајот на прошетката е предвиден за 19 часот. По тоа учесниците се повикани да продолжат на отварањето на Балканскиот велосипедски фестивал на Плоштад Македонија.

Велосипедската прошетка е во организација на платформата за велосипедски тури и водичи во Македонија во соработка со Здружението на граѓани 4 елементи, а поддржана од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен