Со речиси 3 промили алкохол во крвта 42-годишен возач од Виница се преврте на патот

Од:

МВР информира дека рано утринава во 00.06 часот полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.Д.(42) од Виница, поради тоа што кај него биле измерени 2,88 промили алкохол во крвта, откако претходно на излезот од село Зрновци кон село Лески, кочанско, додека управувал патничко возило „фолксваген голф“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел на патот.

Тој е исклучен од сообраќај, известен е надлежен ЈО, и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Би можело да ве интересира

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он

„Камен“ пијан возач од Скопје удри во две паркирани возила

Уапсени се 14 возачи за безобѕирно возење

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Маж од Чегране е осомничен за уцена од 5.000 евра, се закануваше со објава на снимен разговор

А1он

Нови пријави за семејно насилство во Македонија

А1он