Со пушка од татко му, дете застрела друго дете во крушевско

Од:

Дете од крушевското село Пресил вчера ја нашло пушката на неговиот татко и со неа застрелало друго дете, негов братучед, соопшти полицијата.

„На 22.07.2021 во Полициска станица Прилеп пријавено е дека во Јавна здравствена установа „Борка Талески“ во Прилеп е донесен малолетник од с.Пресил, крушевско, со тешки телесни повреди од огнено оружје. Увид извршила увидна екипа на ПС Крушево и ПС Прилеп, при што било констатирано дека во с.Пресил, во семејната куќа на Џ.И.(43), кој во моментот не бил дома, неговиот малолетен син истрелал од ловна пушка, која ја поседувал Џ.И., при што го повредил малолетниот братучед“, велат од МВР, додавајќи дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он