Со протести и „жив ѕид“ ќе се брани кејот на Скопје

Од:

Намерата да се гради улица среде кафулиња на кејот на Скопје е дочекана „на нож“ од жителите на градот. Веќе се формира група на Фејсбук „Да го спасиме шеталиштето на кејот на Скопје“ на кој се приклучени над 3.000 граѓани. Кога се мислеше дека се исцрпени сите “генијални“ идеи за центаралното градско подрачје, се појави оваа за сообраќајница на сред кеј, помеѓу кафулињата, и нема да изненади ако некој по извесно време постави ис емафори.

-Па дали се овие нормални ?!? Улица помеѓу терасите на кејот???

-Место на кое сега секојдневно поминуваат илјадници жители на Скопје и Македонија ,како и туристи од цел свет. Со цел да се заштитат интересите на неколку бизнисмени и корумпирани политичари спремни се да го уништат срцето на градот! СО ЖИВ ЗИД ЌЕ ГО БРАНИМЕ КЕЈОТ, се дел од коментарите кои ги оставаат скопјани.

ulicakej1

Очигледно е дека се работи за исполнување на бизнис интересите на власта и блиски луѓе до нив. Сигурно дека сообраќајница на сред кеј не е во интерес на ниту еден жител на Скопје.

Со договорот за градење на зградата на денешен Телеком, инвеститорот „Дивелоп Груп“ имаше обврска да изгради подземна сообраќајница. Како и во сите случаи, откако се изгради објектот, испадна дека нема подземна собраќајница, што претходно беше услов. Очекувано, општина Центар, под раководство на Владимир Тодоровиќ и ВМРО-ДПМНЕ, го смени ДУП и подземената улицата стана надземна, а на инвеститорот со тоа му заштедија околу 1 милион евра, колку што се проценуваше изградбата на подземната сообраќајница.

На сметка на тоа, скопјани сега ќе треба да седат на најстарото скопско корзо, а до нив да поминуваат автомобили.

ulicakej

Убедувањата на скопскиот градоначалник дека нема да имало многиу сообраќај не се убедливи, со оглед дека планира да гради и катна гаража до објектот на Телеком.

Би можело да ве интересира

Лажен полицаец и дипломат измамија две жени од Скопје, од жртвите земаа милион денари

Горан Наумовски

24-годишен маж крвнички ги истепал децата на партнерката, едно дете е во животна опасност

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Нова измама во Скопје, лажен полицаец зел над 5.000 евра

Скопјанец ја истепал сопругата и нивната ќерка, па оштетил дел од покуќнината

Снег во Скопје, врне и во останатите делови од државава