Со проектот „Учиме претприемништво“ досега обучени 72 наставници

Од:

Зголемување на квалитетот на наставата по претприемништво во стручното образование е целта на регионалниот проект „Учиме претприемништво“, кој од септември 2014 до јуни 2017 година се спроведува во Македонија, Албанија и Косово. Досега во Македонија се обучени 72, а во тек е обука на уште 27 наставници.

На завршната конференција од проектот денеска се обратија министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, австриската амбасадорка Ренате Коблер и директорката на Центарот за стручно образование и обука Ајше Селмани.

Главен носител на регионалниот проектот е КултурКонтакт од Австрија, а национални партнери во спроведувањето на проектот во Македонија беа Министерството за образование и наука (МОН), Центарот за стручно образование и обука, Волонтерски центар Скопје и сите училишта кои се вклучија во проектот.

Во рамки на проектот, КултурКонтакт работејќи со експерти од Албанија, Македонија и Косово разви нови програми за обука на наставници и нови иновативни методологии, пристапи и материјали за предавње и учење на претприемништвото во училиштата. Изработен е прирачник, достапен на македонски и албански јазик, а во прилог има и ЦД.

Министерот Лутфиу нагласи дека претприемачкото образование е меѓу приоритетите на МОН и додаде оти е неопходно развивање претприемнички дух кај младите.

– Развојот на претприемништвото резултира со зголемување на креативноста, иновативноста и развој на нови производи и услуги кои поттикнуваат зголемување на конкурентноста и структурни промени во создавањето нови работни места, рече Лутфиу.

Унапредувањето на претприемачкото образование во Македонија, како што рече, не би било успешно доколку не постоеше волја за искрена соработка и поддршка кај наставниците во основните и средните училишта.

Амбасадорката Коблер истакна дека ова е уште еден пример на соработка меѓу Австрија и Македонија во образованието. Според неа, учениците кои имаат знаења по претприемништво имаат поголеми можности за вработување.

Директорката на Центарот за стручно образование и обука Селмани рече дека во Стратегијата за претприемничко учење во Република Македонија 2020 се нагласува подобрувањето на претприемачките вештинини и компетенции на сите нивоа и форми на образование и обука во соработка со бизнис секторот.

На завршната конференција присуствуваа обучувачи, директори, наставници и ученици.

Би можело да ве интересира

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски

Агенцијата за претприемништво објави оглас за менторство за мали и средни претпријатија

Ана Ололовска

Глобална недела на претприeмништво

Жарко Настоски

Глобална недела на претприемништво од 16 до 22 ноември

Ана Ололовска

Ангеловска: Ќе го забрзаме растот на земјава со примена на дигиталните технологии

Регионална конференција за социјално претприемништво

Ана Ололовска