Обука за претприемништво за млади од пограничниот регион Македонија-Бугарија

Од:

Отворен повик за учество на обука за претприемништво за сите млади луѓе заинтересирани за отпочнување на сопствен бизнис во областа на туризмот, објави здружението „Регионален центар за соработка- СПЕКТАР“ од Крива Паланка.

Обуката ќе се спроведе како дел од проектот „СТЕПС – Поддршка на претприемништвото и популаризирање на услугите во туризмот“ кој што се рализира од Здружението „РЦС СПЕКТАР“ од Крица Паланка во соработка со Здружението „Младински општински совет“ од Ќустендил, во Бугарија, а е финансиран од ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Бугарија и Македонија.

– Се бараат млади луѓе над 18 години, жители на прекуграничниот регион Бугарија – Македонија, коишто се уште се дел од образовниот процес, односно се средношколци на завршна година или студенти, како и невработени, кои скоро го завршиле своето образовани да се пријават за обуката за претприемништво. Обуките ќе бидат тридневни, период во кој ќе бидат претставени насоки за отпочнување на сопствен бизнис во сферата на туризмот, неопходните менаџерски и комуникациски вештини како и спроведување на маркетинг и реклама на активностите, информира Методи Цветковски од „Спектар“.

Обуката ќе биде организирана во септември 2017 годинава во Ќустендил и Крива Паланка, со две мешани групи од по дваесет учесници.

– Кандидатите треба да испратат своја биографија, најдоцна до 21 јуни, на електорнска адреса на здружението, а изборот на учесниците како и обуката ќе ја изврши подизведувачот на оваа проектна активност, фирмата „ПроАктив Тим“ од Софија, додаде Цветковски.

Проектот „СТЕПС“ има основна цел зголемување на квалитетот на туристичките услуги во прекуграничниот регион Бугарија – Македонија, преку зголемување на квалификациите и стимулирање на претприемништвото помеѓу младите.

Би можело да ве интересира

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски

Агенцијата за претприемништво објави оглас за менторство за мали и средни претпријатија

Ана Ололовска

Глобална недела на претприeмништво

Жарко Настоски

Глобална недела на претприемништво од 16 до 22 ноември

Ана Ололовска

Ангеловска: Ќе го забрзаме растот на земјава со примена на дигиталните технологии

Регионална конференција за социјално претприемништво

Ана Ололовска