Со премиера на филмот „Како да се родив вчера“ одбележан Светскиот ден на старите лица

Од:

Во Музејот на град Скопје, по повод одбележување на Светскиот ден на старите лица, денеска во организација на Црвениот крст на град Скопје и Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет-Скопје, се одржа промоција на документарниот филм „Како вчера да се родив“.

На промоцијата на документарниот филм, со работна тематика: „Пријателствата помеѓу различните етникуми во минатото“, присуствуваше и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Во триесетминутниот филм учествуваат десет волотнери на Црвениот крст на Скопје, четворица студенти од Институтот за етнологија и антропологија и шест корисници од домашни услови.

Филмот носи етнолошки истражувачки елементи и има за цел да се потенцира улогата на старите лица во општественото пренесување на искуствата од минатото особено при воспитувањето на младите генерации. Како своја целна група, покрај младите, филмот ги има и сите други генерации во општеството кои на кој било начин влијаат врз животот на старите лица.

Ментор на проектот е Илина Јакимовска, професор на ИЕА при ПМФ, која нагласи дека идејата за филмот дошла спонтано, уште минатата година, кога бил објавен повикот за работа на проект за средношколци, на тема „Толеранција“. На присутните посетители им порача да не го осудуваат документарниот филм, затоа што тој е работен од ученици кои овој пат можеби првпат се соочуваат со аудио-визуелните техники.

Трајановски рече дека филмот претставува продукт од работата на дневните центри за стари лица и центарот за давање помош во домашни услови.

– Дневните центри ги отворивме во јуни 2012 година, откако претходно беше  потпишан трипартитниот Договор за соработка меѓу Министерството за труд и социјална политика, Градот Скопје и Црвен крст на град Скопје. Договор кој имаше за цел креирање соодветни програми за долгорочна грижа и заштита на старите лица. На овој начин нашата меѓусебна соработка се интензивираше и премина во организирана и системска поддршка за старите лица што претставува препознатлив сегмент во работата на секој од нас, изјави Трајановски.

Во двете простории на дневниот центар, активните стари лица имаат можност да се едуцираат на најразлични интересни и корисни теми, да се ангажираат во одбележувањето на календарските активности на Црвениот крст и во други најразлични креативни работилници.

За оваа целна група се организираат и најразлични друштвени игри, заеднички прошетки, одбележување празници и родендени, музички активности, дискусии на разни теми (книги, филмови, актуелни состојби) и друго. Исто така, 60 изнемоштени стари лица кои живеат сами имаат можност да добијат грижа, односно медицински и социјални услуги во домашни услови: мерење шеќер во крвта, мерење притисок, давање совети за исхрана, помош во купување прехранбени продукти, лекови и сл.

Градоначалникот Трајановски им се заблагодари на вработените и на сите волонтери на Црвениот крст на Република Македонија и на Црвениот крст на град Скопје, за помошта во реализацијата на проектите, а еден од нив е и токму оној за дневните центри за стари лица.

Svetski den na stari lica (2)

Ваквите активности, додаде градоначалникот, придонесуваат кон унапредување на квалитетот на животот, здравјето и психофизичката состојба на старите лица, задоволување на здравствените и социјалните потреби на старите лица, социјализација и збогатување на степенот на едукација, промовирање активен пристап спрема животот во староста, промовирање волонтерство, вклучување на граѓаните во доброволна работа во активности од програмите на Градот Скопје и во програмите на други организации кои нудат социјални услуги.

– Со издвојување на два милиони денари од Буџетот на годишно ниво за оваа намена, Градот Скопје прави сериозен чекор кон развивање форми на вонинституционална заштита и обезбедување грижа и здравствена заштита на стари и изнемоштени лица, посочи Трајановски.

Официјалното отворање на Дневниот центар за стари лица и центарот за давање помош во домашни услови, кој е сместен во просториите на Даре Џамбаз, на ул.„11 Октомври“ бб, Општина Центар, и на ул.„Вуковарска“ бр. 23, Општина Чаир, се одржа лани, а во Центарот е отворена и телефонска линија на која граѓаните можат да се јават и да добијат информации за функционирањето на Дневниот центар и можностите за користење на услугите.

Предвидените активности се согласно со Оперативниот план за 2013 година за спроведување на Националната стратегија за старите лица 2010-2020 година и Програмата за активностите во областа на социјална, детска и здравствена заштита, во Град Скопје, за 2013 година.

На настанот присуствуваа и претставници од МТСП, околу десет претставници на Дневниот центар за стари лица, претставници од Здравствен  дом Скопје, Завод за социјални дејности Скопје, Црвен крст на Република Македонија, Меѓуопштински центар за социјална работа, волонтерите на ЦКГС инволвирани во проектот и нивните родители, како и претставници од Деканатот на ИЕА при ПМФ и професори од Институтот за Социјална работа и Политика при ФЗФ.

Би можело да ве интересира

Тројца истепани во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот