Со позајмица од 30.000 евра Општина Гевгелија ќе финансира ЕУ-проект

Од:

Советот на Општина Гевгелија на втората редовна седница одржана вчера одобри позајмица од локалниот буџет во вредност од 1.856.952 денари за реализација на ЕУ-проектите „Мрежа на европски знаења и квалификации во меѓународниот регион Македонија – Бугарија“ и „Отворање бизнис-центар“.

Проектите се реализираат преку ИПА-програматаза прекугранична соработка на Европската Унија во соработка со општините Ќустендил од Република Бугарија и пограничната општина Поликастро од Грција.

Средствата беа одобрени со образложение дека пред европските финансиери треба да се покаже дека општината има финансиски капацитет за реализација на проектите. Финансиската конструкција за нивната реализација е 38.000 евра, од кои 85 отсто се покриваат преку европските фондови, а 15 отсто преку Министерството за локална самоуправа на Република Македонија.

На ваквото кредитирање на европските проекти се спортивставија советниците на СДСМ, кои гласаа воздржано за одлуката за позајмица на средства, со самиот факт што досега општината реализирала и други проекти преку ИПА-програмата, но никаде не стои клаузула за позајмица, особено не во случај каде што Општината не се јавува како еден од учесниците во финансирањето на проектот. Резервите за одлуката за позајмица советничката група на СДСМ ја оправдуваше и со криењето на точката на дневниот ред од јавноста со нејзиното необјавување во целината на дневниот ред во огласениот општинскиот билтен.

А.Д.

Би можело да ве интересира

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

Градоначалникот на Гевгелија префрлил 36.000 евра на ракометен клуб основан од татко му, обвинија од СДСМ

Орце Костов

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он

Гевгеличанец си садел марихуана во двор – доби кривична и притвор

А1он