Со повеќе активности одбележан Денот на Европа во Куманово

Од:

На градскиот плоштад во Куманово, денеска со повеќе активности беше одбележан 9 Maj – Денот на Европа.

Волонетри од невладиниот сектор со различни активности и презентација на различни држави пред кумановци го промовираа Денот на Европа преку креативни презентации, ликовни изложби и музички настапи.

– Чест е да се биде домаќин на ваков настан на кој граѓаните на Куманово и пред се младите ги препознаваат и слават европските вредности кон кои Македонија се стреми последниве дваесетина години, рече градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски.

На денешниот хепенинг присуствуваа и претставници од холандската и грчката амбасада во Република Македонија кои ги посетија штандовите на различните невладини организации, на основните и на средни училишта.

– Во ЕУ Инфо точката граѓаните ќе имаат можност секојдневно да се обраќаат за информации од ЕУ, за информации, за проекти особено за невладините организации, за граѓански здруженија, вели Елизабета Цвтековска од ЕУ Инфо Точка Куманово.

На Спомен костурницата во Куманово денеска со полагање цвеќе беше одбележан Денот на победата над фашизмот.

– Македонскиот народ има полно историско право и со достоинство учествува во оваа одбележување, оти во Втората светска војна се определи за вистинската страна. Овие настани имаат за цел да ја обноват колективната меморија на еден народ, да потсетат на катастрофите, но и да поттикнат чуство на гордост и херојство на нашите претходници, рече во обраќањето секретарот на општинскиот одбор на Здружението на борците, Благе Јакимовски.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување