Со подобрување на временските услови, најавено санирање на свлечиштето на магистралата А3

Од:

Санирањето на одроните кај месноста Драките, на патот Македонска Каменица – Кочани кој е дел од магистралата А3, ќе се реализира со првото подобрување на временските услови. Од Јавното претпријатие за државни патишта, информираа дека редовно се следи состојбата на терен и најавија дека санација на свлечиштето е предвидено во годишната програма за работа за 2021 година.

-Временските услови се уште влијаат свлечиштето на споменатиот патен правец и понатаму да биде активно, поради што практично е невозможно да се влијае на негова санација. Санацијата која е предвидена и со годишниот план за работа ќе се реализира во оној момент, кога условите тоа ќе го дозволат, истакнаа од ЈП за Државни патишта.

За санацијата, според предвидениот годишен план на Јавното претпријатие ќе бидат одвоени околу 1 милион денари.

-Дотогаш за безбедно одвивање на сообраќајот направена е обиколница околу свлечиштето, која се одржува до тампонирање, а со подобрување на временските услови, истата е предвидено да се асфалтира, додадоа од ЈП за Државни патишта.

Во меѓувреме, оттаму дополнија дека големите карпи засега нема да се отстрануваат, бидејки истите служат како дополнителна заштита од нови одрони.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска