Со паркингот на Клинички ќе управува Град Скопје

Од:

Министерството за здравство го раскина договорот со концесионерот на паркингот во Клиничкиот центар и со одлука на Владата, со овој паркинг просторот ќе управува Градот Скопје. Ова е резултат од судски спор меѓу фирмата која беше закупец од 2005 година и Министерството за здравство.

– Станува збор за еден штетен договор кој што е раскинат и кој што е поништен со правосилна судска пресуда и сега, откако тој паркинг се врати на користење бидејќи е во сопственост на Република Македонија, Владата донесе одлука да се пренесе корисничкото право на Градот Скопје – изјавиминистерот за здравство Никола Тодоров.

Според владината одлука, како закупец, Градот нема да плаќа фиксна сума на министерството, туку една третина од добивката.

Инаку, според неофицијални информации, дневно овој паркинг од 4.500 метри квадратни, го користат 4.000 возила, а годишниот профит е над 150.000 евра.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош