Со пари од ЕУ ќе се унапредува водоводниот систем во Гевгелија

Од:

Во Гевгелија денеска ќе почне реализација на проектот за унапредување на водоводниот систем кој е финансиран преку ИПА фондовите. Почетокот на реализацијата ќе го означат евроамбасадорот Самуел Жбогар и министерот за финансии Кирил Миноски.

Вкупната вредност на проектот е 1,7 милиони евра, а целта е подобрување на квалитетот на водата за пиење за жителите на Гевгелија и Богданци.

Планирана е изградба на четири бунари, пумпи, станици за хлорирање и водоводна мрежа и резервоар со капацитетот од 1000 метри кубни.

Ова е дел од кампањата „ЕУ за вас“.

Вкупната помош за оваа намена од ЕУ е 80 милиони евра како дел од ЕУ ИПА програмата (2007-2013), што треба да биде дополнета со уште 100 милиони евра планирани со ИПА2.

Би можело да ве интересира

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно

38-годишен маж од Гевгелија е пронајден мртов во семејниот дом

Во сообраќајка кај Гевгелија загина 19-годишник

А1он

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија