Со панорамски автобус ќе се разгледува Скопје

Од:

Во Скопје е пуштена во употреба нова туристичка линија на која што ќе сообраќа двокатниот автобус наменет за панорамско разгледување на градот. Автобусот ќе тргнува од Порта Македонија, ќе се движи по улицата Димитрије Чуповски кај поранешен Рекорд, па десно по булевар Св. Климент Охридски покрај Соборниот Храм, десно покрај Владата на РМ, па преку мостот Гоце Делчев покрај Стариот театар, Музејот на македонската борба за државност и самостојност, Музејот на Холокаустот, до црквата Св. Спас и Мустафа пашината џамија, па до Кале, а од таму се до Старата железничка станица, па повторно назад до Портата Македонија.

Линијата во употреба ја пушти градоначалникот на Скопје Коце Трајановски кој изрази надеж дека „ова ќе биде одлична можност за туристите што го посетуваат нашиот град, за сите скопјани, како и за сите граѓани на Република Македонија, да ги видат спомениците во градот Скопје и преку ваква туристичка тура непосредно да се запознаат со нивната историја”,

Автобусот ќе вози секој ден, во два термини, еднаш претпладне во 11:00 часот и попладне во 17:00 часот.

Билетот за разгледување на градот со двокатниот автобус ќе чини 35 денари.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан