Со Орце Ѓорѓиевски, Скопје ќе има предвидливост и извршување на обврските, порача Мицкоски

Од:

Вториот круг нека биде нашата јасна победа. Не само во бројки, туку победа во свеста. Македонија ќе оди напред. Скопје ќе биде гордост на сите. И победата ќе биде победа на народот, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на завршниот митинг во центарот на Скопје пред гласањето в недела на вториот круг од локалните избори. Порача дека граѓаните не гласаат само за градоначалник или советник, туку гласаат „за ред, за достоинство, за иднина“.

За кандидатот за главниот град, Орце Ѓорѓиевски, Мицкоски рече дека со него „Скопје добива градоначалник кој ќе работи неуморно, вреден борец, посветен, човечен, личност која ќе направи да се гордееме сите, но и кој е свесен дека резултатите и испорачаните проекти се обврска исто како и довербата“.

-Орце Ѓорѓиевски е доказ дека можат да се направат промени кога некој работи со срце. Човек што не ветува без да е сигурен дека може да исполни, и кој испорачува за граѓаните. И кога гледам што Орце направил за Кисела Вода, знам дека истиот дух, истата енергија и истата совесност ќе ја донесе во Скопје. И Скопје ќе влезе во една нова фаза на предвидливост и извршување на обврските. Орце е сериозен, присебен, прилично методичен карактер. Тој ќе го направи Скопје повторно да живее слободно и да дише слободно. Град каде што јавниот превоз нема да е изговор и да се прекршува врз суети и изговори, туку систем; каде што пешачките премини значат безбедност, а не се руски рулет; каде што отпадот е ресурс, а не срам и загаденост. Скопје бара управување, не експеримент. За Орце Скопје е мрежа на животи. И сега му треба вашиот јасен мандат за Скопје да стане град на ред, чистота, култура, лесно движење, рамно развиени општини и чесна локална економија, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски повика да се гласа и за нивните кандидати во скопските општини Карпош, Аеродром. Шуто Оризари и Центар и во блиската општина Чучер Сандево – затоа што тоа е, рече, вистинскиот избор.

Нагласи и дека на овие избори постои историска шанса за Кичево каде што, рече, „даесет години таму немало градоначалник што ја носи нашата програма, нашите вредности, немало човек кој гледа за сите, туку гледал само за себеси“.

-Дваесет години градот беше под управување кое често ги делеше луѓето по вера, народност или партија. Вечерва испраќам порака од овде, од Скопје, до сите кичевчани – и Македонци, и Албанци, и Турци, и Власи, и Роми, Срби, Бошњаци: во недела да гласате за човекот што ќе биде градоначалник на сите. Да се обединиме околу идејата дека Кичево може да биде симбол на соживот, а не на поделби. Да ја направиме историјата вистина: првпат по две децении, Кичево да има градоначалник кој не прашува „чиј си?“, туку „што можеме да направиме заедно?“ Тоа ќе е заедничка историска победа на сите граѓани на Кичево, а ние како влада ќе го помагаме Кичево максимално во свои напори да го подобри животот на сите негови граѓани, порача Мицкоски.

Како што рече, „тука нема етничка приказна, туку сосема човечка димензија.

-Ова не е повик за етничко гласање туку за гласање за човек, за човек Македоец со сопруга Албанка, кои се пример за вредности и сила, човек кој ќе работи за сите, за своите кичевчани, ќе биде градоначалник буквално за сите – за Македонците, Албанците, ќе работи и за Турците, Ромите, Власите и Бошњаците .за сите кои таму живеат без разлика на партија етникум и верска определба. Тој е човек и ќе работи за Кичево, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево, да биде симбол на соживот, а не на поделби

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Мицкоски: Државава во изминатите година и пол е консолидирана по распадот и пустошот во која беше затекната при преземањето на власта

Левица: „Прво човек“ звучи празно ако човечноста се глуми, а не се живее

Левица: Орце ги навреди самохраните мајки – АФЖ Левица бара јавно извинување

Левица: Зошто Мицкоски молчи за криминалот на универзитетот на Мерко?!