Со нож нападнато лице на паркинг на булеварот „Јане Сандански“

Од:

М.Д. (36) од Скопје е тешко повреден вчера откако, додека стоел и разговарал со своите другари на паркинг на булеварот „Јане Сандански“, бил нападнат со нож од засега непознато лице.

Како што соопшти МВР, разбојникот се приближил кон М.Д. со трчање и од се уште непознати причини го повредил во пределот на бутот на двете нозе, нанесувајќи му длабоки убодни рани.

Случајот го пријавил М.Н., другар на М.Д. На повредениот кој бил пренесен во скопскиот урегнтен центар, му е констатирана пресечена артерија и пукнатина на бутната коска.

СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан