Со нож го нападнал комшијата бидејќи негов гостин му ја блокирал уличката

Од:

Синоќа А.Н. пријавил дека пред својот дом во Скопје бил физички нападнат од страна на неговиот сосед З.З, кој при нападот имал нож во раката.

Откако соседите се обиделе да го оттргнат од нападот, на З.З. му паднал ножот, по што го кренала сопругата на А.Н., а при обидот З.З. да ѝ го одземе си нанел расекотина на раката.

Причина за нападот била тоа што пријател на А.Н., кој бил кај него на гости, го паркирал своето возило на уличката по која требало да помине З.З: и изреволтиран од тоа што требал ода го почека, го нападнал оштетениот, извести МВР.

На местото на настанот бил извршен увид од полиција, а ножот бил одземен за вештачење.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски