Со нов закон ќе се отстрануваат пречките за статусот на неевидентираните лица во матичната книга на родени

Од:

Работна група во Министерството за правда работи на изготвување законско решение за неевидентираните лица во матичната книга на родени. Целта е со измена на овој закон, да имаме регистрација на овие лица од посебната матична книга на родени во редовната матична книга, информира денеска заменик министерот за правда Агим Нихиу на надзорната расправа за примена на законските одредби од Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени.

Во работната група, како што беше посочено, веќе се подготви нацрт верзијата на новиот закон за лица неевидентирани во матичната книга на родени кој ќе им овозможи на оваа категорија лица да бидат трансферирани од привремената во редовната матична книга. Постојниот закон, се согласија учесниците во расправата, не нуди системско решение.

Досега, како што потенцираа, има две пречки поради кои не може да се имплементира постоечкиот закон. Првиот проблем е интегрираниот систем на размена на податоци меѓу институциите, а тоа не овозможува препознавање на регистарскиот број за да влезе во системот за размена на податоци. Вториот проблем се банките, овие лица имаат добиено и извод и од МВР идентификациона исправа, но банките не сакаат да го пеепознаат овој број и не саааат да им овозможат да отворат трансакциска смета.

И министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска укажа дека има одредени пречки во примената на законот кои се утврдени од работната група и во наредниот период , како што рече, пристапиле кон активирање средби на работната група за да може да се направи ново законско решение за да се реши овој проблем.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информира дека досега издадени се вкупно 124 идентификациски исправи за неевидентирани лица во матичната книга на родени , а МВР при преземање на процесните дејствија, како што рече, обезбедува ефикасна и објективна примена на овие законски решенија.

-Можно е дури нареднава недела Владата да го достави законот за матична евиденција, сите заеднички да го решиме овој проблем, рече Спасовски.

Според Јасмина Смилевска, раководител на сектор во Фондот за здравство, неможноста за примена на овој закон приоизлегува од членот 5 во делот на структурата на евиденцискиот број што го издава Управата за водење матични книги кој ги нема карактеристиките на ЕМБГ и не може да биде препознаен во интегрираниот систем на државата воведен со Законот за придонеси од задолжителното социјално осигурување од 2009 година. За Фондот, спорен е и член 10 од Законот кој кажува дека овие исправи се издаваат во хартиена форма, а не во електронска.

– Доколку некое лице дојде во Фондот да се стекне со право на здравствено осигурвање и ги приложи изводот и идентификационата исправа, службеникот во Фондот не ќе може да го внесе во системот за да може да ги оствари правата. Доколку се прифатат хартиените документи, се издаде решение врз осонова на кое ќе се утврди својството на осигурено лице тоа решение повторно ќе биде неспроведливо од причина што осигуреникот неинтегриран во системот нема да може да избере матичен лекар, да подигне лекови во аптеките ниту да се упати на повисоко ниво на здравствена заштита, рече Смилевска.

Претставниците од УЈП, пак, констатирале дека имплементацијата на постоечкиот закон не е можна бидејќи евиденцискиот број што им се доделува на неевидетнираните лица од Управата за водење матична книга не може да се имплементира во регистрите кои ги води УЈП согласно Законот за УЈП и Законот за даночна постапка. Информацискиот систем на УЈП, како што посочи претставникот од УЈП Круме Јовановски, се заснова на единствениот матичен број како основен идентификатор на граѓаните како даночни обврзници.

Предлогот на УЈП е да се направат измени во Законот за матичен број во кој овие лица ќе бидат наведени како посебна категорија граѓани, резиденти на Република Северна Македонија согласно законот за неевидентирани лциа на кои ќе им се доделува посебен матичен број по примерот на категориите на странец.

Агенција за вработување во постојниот закон констатира проблем со правилата и прописите кои го уредуваат фунцкионирањето на интегрираниот систем поврзано со евиденциониот број, а проблемот бил дектетиран во самиот начин на кој е дефинирана структурата на овој евиденционен број која не ги задоволува контролите кои ги пружа ЕМБГ кои се неопходни за функционирање на интегрираниот систем на ниво на држава.

Васка Бајрамовска-Мустафа, заменик народен правобранител, нагласи дека е страшен податокот дека е голем бројот на лицата кои се уште не се влезени во системот, односно не поднеле барање и смета дека ова законско решение не ги опфатило сите лица.

-По донесување на законот во 2020 направивме истражување колку од утврдените права со законот се остваруваат во пракса. Утврдивме неспроведливост на законот, неможност овие лица и покрај постојното законско решение да ги оствари своите права. Утврдивме и неконзистентност, односно несоработка меѓу органите. После три години имаме нерешлив проблем. Не смееме да изумиме дека станува збор за социјално загрозени лица и многу е важен пристапот на вработените кон овие лица. Проблемите ги срочивме во посебна информација која ја доставивме до Владата, а тоа што е проблематично и неколку месци е дека по усвоените заклучоци немаме ниту закон во моментов, ниту процедура како овие лциа во моментот да се внесат во системот имаме права кои никогаш не можат да ги остварат со вакво законско решение, како држава си дозволуваме најголем број од овие лица од кои повеќето се деца, се надвор од ситемот без можност за остварување на многу права, нагласи Бајрамовска-Мустафа.

Инаку, со новото законско решение, како што беше посочено на надзорната расправа, ќе се реши проблемот на околу 700 лица. Според официјалните статистички податоци за постапување на Управата за водење на матичните книги, по предметниот закон за период од 2020 – 2022 година, вкупниот број лица за кои се пополнети прашалници во посебна матична книга на родени е 509 лица. Извршени уписи во посебна матична книга на родени се за вкупно 317 лица, а за нив се издадени изводи од посебна матична книга. Некомплетно поднесени и спорни прашалници во кои недостасуваат барање и слика се 192, а извршени се дополнителни уписи во матична книга на родени за 30 лица, односно издадени се 30 изводи.

На надзорната расправа искази даваат претставници од Управата за водење на матични книги, од министерствата за правда, за труд и социјална политика, за внатрешни работи, од Фондот за здравствено осигурување, од УЈП, од Агенцијата за вработување, Народниот правобранител и од други надлежни институции кои одговараат на прашања поставени од страна на пратениците.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови