Со насипи се штитат бунарите од кои штипјани користат вода за пиење

Од:

Штипското комунално претпријатие направи насипи пред бунарите од кои со вода за пиење се снабдува градот, но и градскиот колектор и бањата Кежовица од евентуални поплави во текот на попладнето и за време на викендот. Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев вели дека вработените веќе наполниле 2.500 вреќи со песок, со кои се направени и насипите на критичните точки.

– Ги заштитивме бунарите, овде на најкритичните места каде што претходно и не поплави. Поставивме вреќи, поставивме и брана тампон, ѕид направен од песок, исто така го заштитивме и колекторот долж градот, кој се наоѓа во реката Отиња, го покривме и него со вреќи земја, песок. Исто така ја заштитивме и градската бања „Кежовица“, каде поставивме доста вреќи, бидејќи знаете дека бањата се наоѓа во близина на реката Брегалница и многу лесно може да прелие на критичните места, вели Бојаџиев.

Шефот на кризниот штаб на Општина Штип, Тоше Георгиев вели дека градежната механизација се уште работи на неколку места во Лакавичкиот регион, со што се санира и коритото на реката Крива Лакавица, но и на Балталијска река.

Пристигнати се и првите количини на нафта што Владата и ги додели на Општина Штип за да се санираат штетите од поплавите минатиот викенд.

Поради циклонот Давид, во текот на изминатите денови контролирано се испушташе и вода од акумулациите во источна Македонија.

Директорот на Радовишко поле, Драган Чачаров кој управува и со езерото Мантово вели дека изминатите денови се испуштени околу три милиони м/3 вода со што се создаде и простор за акумулирање на нови количини на вода. Од утринава по налог на водостопанскиот инспектор запрено е испуштањето на водата од езерото Мантово кое на 23-ти јануари се прелеа, а се излеа и реката Крива Лакавица.

Би можело да ве интересира

Почина брачна двојка: Спасувачите ги затекнаа прегрнати

Предраг Петровиќ

Почина бремена жена, врз неа падна дрво, најмалку 20 настрадани во поплавите во Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Исповед на Мухамед од Јабланица: Син ми одеше зад мене, наеднаш го однесе водата

Предраг Петровиќ

Најмалку 18 загинати и 40 исчезнати во БиХ, министерот: Страв и ужас

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драматична снимка од БиХ: Маж заглавен пред неговата куќа, спасувачите му фрлаат јаже

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати