Со минута молк, во 2.32 часот оддадена почит во спомен на трагично загинатите во пожарот во Кочани

Од:

Со минута молк, точно во 2 часот и 32 минути, моментот што засекогаш го промени Кочани, беше оддадена почит на трагично загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“.

– Да застанеме заедно во тишина за нашите 63 ангели. Во 2:32 часот, моментот што засекогаш го промени Кочани, ќе оддадеме почит со минута молк. Нека светлината сведочи дека не забораваме. Нека тишината зборува за љубовта што останува, посочија од здружението на граѓани „16 Март 2025“ кои го организираа собирот пред дискотеката каде што пред една година во пожар животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени.

Пред дискотеката беа поставени срциња со испишани имиња на загинатите.

Би можело да ве интересира

Во Кочани 40. „Марш за ангелите“, родителите бараат одговори за токсиколошките анализи

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Истражување: Третина од преживеаните и повредените од „Пулс“ се соочуваат со анксиозност, депресија и посттрауматско растројство

Судење за „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“

Вработена во ДЗС за „Пулс“: Елаборат и процена се клучни за безбедност

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа