Со марш борците од Охрид ќе го одбележат Меѓународниот ден на мирот

Од:

По повод Меѓународниот ден на мирот – 21 Септември, претставници на Сојузот на борци од Охрид, денеска ќе положат цвеќе на бистите на паднатите борци и илинденци во Градскиот парк.

Предвидено е пред присутните да се обрати Претседателот на Сојузот, а ќе биде прочитана и пораката на генералниот секретар на ООН Бан Ки-мун. Дел од одбележувањето на Меѓународниот ден на мирот ќе биде и мировниот марш што ќе почне од 11 часот од пред седиштето на Сојузот на борците во Охрид.

Одбележувањето на Меѓународниот ден на мирот започна во 2001 година со носење на резолуција од страна на Генералното собрание на Обединетите нации, со која се покануваат сите држави членки на Светската организација, регионални и невладини организации и индивидуи да го одбележат на соодветен начин Меѓународниот ден на мирот.

Централниот настан годинава ќе се одржи во седиштето на ОН во Њујорк. Светската федерација на ветераните овој ден го промовира во светски марш што се одржува насекаде во светот под мотото “Ветераните чекорат за мир”.

Сојузот на борци на Македонија како членка на Светската федерација на ветераните петта година е носител и организатор на овој Марш на мирот во нашата земја. Проектот е поддржан од Владата на Република Македонија и министерствата за надворешни работи, за одбрана и за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум