Со кампањата „Што гледаш?“ граѓаните на Скопје беа запознаени со ризиците и индикаторите од трговијата со луѓе

Од:

Граѓанското здружение „Отворена порта“ денеска ги презентираше можните ризици и индикатори од трговијата со луѓе на случајни минувачи на плоштадот во Скопје. Оваа активност како дел од кампањата „Што гледаш?“ успеа да ги информира граѓаните на Скопје дека жртва на трговија со луѓе би можел да биде секој.

– Минатата година во Македонија од 6те лица кои беа идентификувани како жртви на трговија со луѓе 3 се малолетни а 3 возрасни лица. 5 од жртвите се со македонско државјанство а само 1 е со странско државјанство. 5 од нив биле сексуално експлоатирани а 1 била присилена на брак, соопштуваат од здружението.

Кампањата цели да ги охрабри сите кои сакаат да се информираат за трговијата со луѓе и сите кои ќе се соочат со истата да се јават на бесплатната СОС линија: 0800 11 11 1

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош