Во Пехчево започнаа градежните работи за реконструкција на осум улици во градот, проект кој е вреден 260 илјади евра, а средствата се обезбедени од грант на ЕУ преку претпристапните фондови на ИПА, а администрирани според правилата на Светска банка.
Градоначалникот Игор Поповски, кој направи увид на стартот на работата на фирмата „Жикол“, која го добила тендерот за реконструкција, истакна дека ќе се реконструираат осумте најоштетени улици во должина од три километри на кои нема нов асфалт повеќе од три децении.
– Од оваа недела почнуваме со обележување на трасата на 8-те улици и очекуваме да бидат завршени согласно со договорената динамика со изведувачот. Во Пехчево ќе се реконструираат улиците „Моша Пијаде“, „Гоце Делчев“, „Маршал Тито“, „Ванчо Китанов“, „Страшо Пинџур“ „Првомајска“, „Пиринска“ и „Буковиќ“. Овие улици ќе бидат комплетно реконструирани, со нов асфалт и дополнително ќе бидат поставени тротоари, рече Поповски.
Реконструкцијата на улиците треба да заврши за четири месеци.