Со фиктивни договори за продажба на станови скопјанец измами двајца кумановци за 115.754 евра

Од:

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кои постои сомнение за сторено продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик.

Пријавениот сопственик на правното лице, со цел да прибави противправна имотна корист за себе и за својата фирма, лажно прикажувал факти дека врши посредување при продажба на станови и возила во сопственост на Агенцијата за управување со одземен имот – Скопје.

Осомничениот 35-годишник од Скопје на две оштетени лица во Куманово им се претставил како вработен во Агенцијата за управување со одземен имот и со нив склучил фиктивни договори за наводна продажба на станови во Скопје и Охрид.

Измамените граѓани му уплаќале пари, еден дел во готово, а еден дел на сметка на правното лице, со што осомничениот прибавил вкупна противправна имотна корист од 115.754 евра.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово ќе достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Би можело да ве интересира

Измамник прелажал двајца мажи, одзел пари и автомобил

Горан Наумовски

„Се продава културно заградено место до река“: Жител во дивата населба на Бабуна продава плац кој не може да се легализира

A1on

Измамник земал пари од лековерни граѓани

Фатена е мистериозната Ивана која се гоштеваше по ресторани претставувајќи се од Општина Ѓорче Петров

Кристијан Ландов

Лажниот Дејан води до затворот „Идризово“: Стои ли затвореник зад измамите на угостители во Скопје

Кристијан Ландов

По објавите од „А1он“, нов угостител пријавил измама од наводниот Дејан која се случила минатиот месец

Кристијан Ландов