Со десет нови случаи Делчево меѓу градовите со најмногу заразени од Ковид-19

Од:

Со десет нови случаи на Ковид-19, Делчево денеска се најде меѓу градовите со најмногу заболени од коронавирус. Новите случаи како што информираа од делчевскиот здравствен дом се резултат на претходните тестирања и веќе познатите кластери.

-Освен 10 позитивни на Ковид-19 од направените тестирања имаме и голем број негативни тестови. Се тестираат лица кои имале контакт со претходно заболените. Тие тестирања продолжуваат и во деновите кои следат, истакнаа од Здравствениот дом во Делчево.

Додадоа дека веќе почнаа да опоравуваат и пациентите кои беа меѓу првите позитивни на Ковид-19.

-Денеска имаме тројца такви пациенти, вчера еден пациент излезе од болница, така што се надеваме дека бројката на ваквите пациенти ќе расте и сите успешно ќе го пребродат вирусот, додадоа од установата.

Во градовите од опкружувањето нови случаи со Ковид-19, вкупно шест, денеска се регистириани и во Берово. Со денешната бројка, активни на коронавирус во моментот во Пијанечко-малешевскиот регион се 110 пациенти од кои 48 во Берово, 39 во Делчево, 12 во Пехчево и 11 во М.Каменица.

Би можело да ве интересира

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Николовски, Бочварски и Шукова од Делчево: Вложуваме во подобар живот на граѓаните, градиме модерна инфрастуктура, нов затворен пазар, а се гради и филтер станицата обезбедувајќи чиста вода за пиење на делчевци

Предраг Петровиќ