Со денови се трага по исчезнатото повозрасно лице од штипското село Степанци

Од:

Се уште трае потрагата по исчезнатото повозрасно лице од штипското село Степанци, кое е пријавено за исчезнато на 7 април во 16.20 часот преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Лицето последен пат било видено во саботата, 5 април. Известени се МВР Штип и Општина Штип, како и други институции и служби, здруженија и граѓани коишто можат да помогнат.

-Потрагата вчера се одвиваше во реонот на село Степанци. За денеска ќе нема организирана потрага, освен од страна на неговите поблиски роднини и пријатели. Но, за утре, 12 април, ќе се организира потрага на поголем реон. Планирано е да бидат вклучени по десет полицајци и извидници – членови на Извиднички одред „Еквинокс – Штип“, ловци – членови на ЛЗ „Ловец“ од Штип, доброволци – вработени од РЦУК Штип, лица од локално население од блиските села околу Степанци, а и роднини на исчезнатото лице, наведуваат од ЦУК.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Брзо е пронајден планинар кој се изгубил кај Мрежичко на Кожуф

Полицијата трага по возач кој повредил жена во сообраќајка во Тетово

Горан Наумовски

Полицијата ја барала со дронови, нема трага од Лидија од скопско Јурумлери

Уште се трага по исчезнатата Лидија од скопско Јурумлери

Катерина Ѓуровски

Полиција трага по 20-годишна девојка од Скопје

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ