Со автомобил прегазен пешак во Прилеп – возачот побегна

Од:

Непознат возач прегази пешак на булеварот Гоце Делчев во Прилеп, по што избега од местото, објави МВР.

– На 07.09.2026 во 03:50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на бул. „Гоце Делчев” во Прилеп, патничко возило удрило во пешакот Н.Т.(72) од Прилеп, по што возачот со возилото го напуштил местото. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп – информираат од полицијата.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

За шест часа полицајците напишаа 708 казни за брзо возење

А1он

Скопјанка (65) заврши зад решетки – му носеше марихуана на синот затвореник

А1он

Почина 37-годишник во Тетово, ќе му прават обдукција

А1он

Уапсени се двајца скопјани – полицајците им ги земаа пиштолите

А1он

Исчезна 15 годишно девојче од Куманово

А1он

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он